Фудбалерот на Баерн Џошуа Кимих нема да може да му помогне на тимот до крајот на годината.
Репрезентативецот на Германија има проблеми со белите дробови по инфекцијата со коронавирус, а лекарскиот тим на Баерн најави дека ќе ги прескокне натпреварите со Мајнц, Штутгарт и Волфсбург.
Кимих претходно одби да се вакцинира, изразувајќи загриженост поради недостатокот на долгорочни студии за ефикасноста и несаканите ефекти.
„Драго ми е што мојот корона карантин заврши. Добро сум, но поради одредена инфилтрација во белите дробови се уште не можам целосно да тренирам. Ќе минам програма за рехабилитација, едвај чекам да се вратам на теренот во јануари“, рече Кимих.
Се очекува тренерот Џулијан Нагелсман да бира меѓу тројца играчи наместо Кимих.Тоа се Корентин Толисо, Џамал Мусиала и Марк Рока.