Саудијците немаат намера да застанат со ангажман на најголемите светски фудбалери. Изминатото лето клубови од Саудиска Арабија беа заинтересирани за Мохамед Салах, но претстојното, тешко дека Ливерпул ќе успее да го задржи Египќанецот во своите редови.
Англиски медиуми пишуваат дека Саудијците сериозно загризале за напаѓачот и дека тој може да стане најскап фудбалер во историјата. Во моментов, рекордот го држи Нејмар кој во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиона евра, а сумата за Салах би можела да достигне и 250 милиони.
Таквата понуда тешко дека би можел да ја одбие Ливерпул, особено ако се знае дека Салах има договор до идното лето по што ќе може клубот да го напушти бесплатно. Наводно, најзаинтересиран е Ал Итихад, но нема потврда дека Салах би заминал таму.