Фаворитите ги оправдаа очекувањата во англискиот ФА Куп, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Челси ги добија своите натпревари и се пласираа во четвртфиналето.

Ливерпул со 3-0 го совлада Саутемптон, а некои нови фудбалери беа херои на црвените.

 

 

Кумас погоди пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел Данс даде два гола за убедлив триумф.

Челси водеше голема битка со Лидс, на крај со гол на Галагер во 90. минута победи со 3-2. Останатите два гола за сините ги постигнаа Џексон и Мудрик.

 

Манчестер јунајтед со гол на Касемиро во 89. минута победи на гостувањето кај Нотингем форест со 1-0.

 

Со истиот резултат Вулвс го елиминираше Брајтон.