Казуоши Миура нема намера да застане и си најде нов клуб. Непосредно пред својот 55-ти роденден, поранешниот играч на Динамо Загреб се уште е активен, а штотуку потпиша за клубот кој го води неговиот брат …
Легендата на јапонскиот фудбал Казујоши Миура потпиша нов договор на 55-годишна возраст со четвртлигаш кој го тренира неговиот постар брат.
На Сузука Поинт Гетерс на 11 јануари во 11:11 часот и се придружи Миура, познат како „Кинг Казу“, што е прилично симболично за напаѓачот кој ќе го носи бројот 11.
Миура, кој во февруари ќе наполни 55 години, во декември изјави дека добил понуди од неколку клубови од Јапонија и странство, откако минатата сезона играше за Јокохама ФК во Џеј-лигата.
Играчот, кој сака да игра до 60 години, се надева дека ќе има поголемо влијание во својата нова екипа чиј тренер е неговиот брат Јасутоши. Јапонската ѕвезда во својата долга кариера играше и за Динамо Загреб, како и во Бразил, Јапонија, Италија и Австралија.
Тој се приклучи на националниот тим во 1990 година, но го пропушти првиот настап во Јапонија на Светското првенство во 1998 година, и покрај тоа што постигна 55 гола на 89 натпревари. Неговиот нов клуб Сузука стана познат во 2019 година кога стана првиот јапонски тим кој го тренира жена, Шпанката Мила Мартинез.