И зад сиот овој притисок на британските власти и премиерот Борис Џонсон се крие исклучиво политичка и геостратешка цел, објавуваат англиски медиуми, зашто со овозможувањето на Мохамед Алкереџи, кој го води саудискиот конзорциум, Велика Британија би си отворила поголем пристап до нафтата во овој кризен период, предизвикан од руската агресија врз Украина и големите санкции кон Русија, посебно од Британците за енергенсите.
Англискиот фудбал се отвори за Саудијците, откако Њукасл го купи саудиски конзорциум зад кој стои државата со принцот престолонаследник Мохамед Бин Салман, најбогатиот шеик тежок 360 милијарди долари, иако имаше отпор од политичките структури и опструкции поради непочитување на човековите права во оваа арапска земја.
Англиските медиуми потенцираат дека Џонсон сега со ова сака уште повеќе да им се додвори на Саудијците и да го искористи моментот за Велика Британија да обезбеди дополнителни залихи на нафта, во екот на планетарната криза предизвикана со војната во Украина.
Велика Британија го турна Челси во најтешката криза буквално доведувајќи го европскиот првак на раб на опстанок откако му ставија санкции на Роман Абрамович и ги замрзнаа сметките на клубот во банките. Според најавите Алкереџи со својата групација СМГ годишно има обрт од 900 милиони евра, а има конекции со два саудиски клубови Ал Наср и Ал Хилал.