Македонија загуби во завршните шест минути од мечот откако Бодин Томашевиќ во 84-та и Лазар Мараш во 90-та погодија во нашата мрежа, откако Македонија имаше водство и беше на чекор до победата после голот за водство на Андреј Велков по само 13 минути игра, како казна за утнатиот пенал на Црногорците по само осум минути преку Василие Аџиќ.
Вториот контролен меч на оваа генерација на Македонија што ја предводи Станојковиќ е задутре од 11 часот исто така во Подгорица.