Забраната за руските фудбалски тимови и репрезентации да учествуваат на натпреварувањата под покровителство на УЕФА останува на сила, одлучи Арбитражниот суд во Лозана. Санкцијата останува непроменета, но арбитражната постапка продолжува.
На 28 февруари, ФИФА и УЕФА им забранија на руските клубови и репрезентации да учествуваат на меѓународни натпревари поради влошената безбедносна ситуација околу Русија и Украина. На 7 март,Фудбалската федерација на Русија поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана.
Забраната од ФИФА е делумно слична, но е со посебна жалба од Фудбалската федерација на Русија , која може да биде разгледана од ЦАС до крајот на оваа седмица.
Русија требаше да игра против Полска во плеј-офот за пласман на Светското првенство на 24 март, но натпреварот нема да се одржи. Минатата недела ФИФА одлучи Полска директно да се квалификува во следната рунда од мундијалскиот плеј-оф.