Карим Бензема постигна два гола на „Етихад“ и обезбеди поволен резултат за реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите на 4 мај. Тогаш Реал Мадрид ќе го пречека Манчестер Сити и ќе се обиде пред своите навивачи да го надомести поразот од 3:4 и да се пласира во финалето на натпреварувањето. Одличниот француски напаѓач кој сега има 41. гол сезонава, го прокоментира својот гол од пенал.
„Сите голмани веќе ги проучија моите пенали и морав да сменам нешто. Овој мој пенал беше ладнокрвен“, изјави Бензема за БТ Спортс. Имам верба во себе, го направив тоа и ми беше забавно. Претходно промашував некои пенали, но тој што не ги шутира не ги промашува“, изјави францускиот напаѓач.