И во ек на политичките односи, целокупната атмосфера која зовре во последниов период и со отворањето на бугарскиот клуб во Битола, дополнителен притисок врз удбалската пресметка во Разград само по себе ќе се наметне, а бугарскиот селектор Јасен Петров порача дека него го интересира само фудбалот и желбата да се победи како на секој меч, против секој ривал, без политизација.
„Ние сакаме победа со Македонија и тоа е некој наш принцип. Но, не сакам политизација на мечот, зашто од нас секој ривал ќе има респект и ќе мора да го почитуваме ривалот, но да одиме да го победиме, без оглед како се вика, дали е Македонија или е Грузија. Сите ние како тим, а се надевам дека и играчите се желни да победат и тоа ќе го покажат на теренот“, вели Петров за бугарските медиуми.
Мечот Бугарија – Македонија се игра на 2 јуни од 18 часот во Разград, а во овој јунски термин ќе се одиграат дури четири од шесте кола до 12 јуни, па Бугарија на 5 јуну е домаќин на Грузија кога Македонија ќе гостува кај Гибралтар, по што следи наша пресметка во Скопје со Грузија на 9 јуни, а гостување на Бугарија на Гибралтар и ќе заврши овој циклус со гостување на источниот сосед во Тбилиси на 12 јуни, а домашен меч на Македонија со Гибралтарците.
Последните две кола ќе се играат во септември, прво на 23 септември Македонија ќе гостува во Грузија, кога Бугарија ќе биде домаќин на Гибралтар, а сезоната ќе заврши со пресметката со Бугарите на 26 септември во Скопје.