Тимот на Штутгарт освои само бод на домашен терен во натпреварот против Хофенхајм (1-1) во шестото коло од германската Бундеслига, а вистинска драма се случуваше во завршницата од дуелот.

Гендри беше стрелец во финишот на првото полувреме за водство на Хофенхајм од 1-0, а водството на гостите траеше сè до 99. минута.

Досуден беше пенал, Демировиќ ја презеде одговорноста за да го изведе пеналот во 99. минута, но неговиот обид го одбрани голманот на гостите, меѓутоа одбиената топка стигна до Босанецот кој не згреши од вториот обид.

Штутгарт се наоѓа на осмото место со девет бодови, додека Хофенхајм е на 16. позиција со четири бода.