Натпреварот меѓу Магдебург и Гројтер Фирт во втората германска лига заврши без победник (2-2), но дуелот ќе се памети по двата најглупави пенали во историјата.

Пред неколку дена беше досуден сличен пенал во Србија, но на дуелот меѓу Магдебург и Гројтер Фирт беа доделени дури два идентични удари од белата точка.

Најпрво глупост направи фудбалер на гостите, кој мислеше дека голманот му ја додал за да изведе гол-аут, а потоа „услугата“ му ја врати негов ривал од Магдебург кој ја зема топката во раце во казнениот простор откако претходно мислеше дека судијата досудил прекршок за Гројтер Фирт.