Најдобриот македонски играч Елиф Елмас е избран за фудбалер на колото во Лига Европа, откако вчера во последната рунда од оваа сезона во групите во второто по ранг натпреварување даде два гола со кои Наполи победи со 3-2 против Лестер и обезбеди шеснаестинафинале на пролет.

Елмас го покажа сиот сво квалитет на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол и со двата гола беше еден од фудбалерите што ја одбележуваат оваа рунда, а сезонава ја завршува со четири гола и асистенција во шесте меча во групната фаза, па стана првиот фудбалер на Наполи кој дал два гола на меч во Европа после шест ипол години.

https://twitter.com/EuropaLeague/status/1469308342027923466?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469308342027923466%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Felif-elmas-igrach-na-koloto-vo-liga-evropa-video https://twitter.com/sscnapoli/status/1469313578360520712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469313578360520712%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Felif-elmas-igrach-na-koloto-vo-liga-evropa-video https://twitter.com/Squawka/status/1469032134828601349?s=20