Ерлинг Халанд ја нокаутира Борусија Дортмунд и донесе победа од 2-1 за Манчестер Сити. Белингам донесе водство за гостите, а израмни Стоунс.

 

 

Реал Мадрид оствари сигурна победа против германскиот Лајпциг од 2:0.Валверде погоди во 80 мин. а Марко Асенсио ја потврди победата .

Бенфика го победи Јувентус во Торино со 1-2. Милик отвори рано, но Жоао Марио и Давид Нерес направија пресврт.

Наполи оствари триумф (0-3) против Глазгов Ренџерс на гости, со головите на Матео Политано од пенал, Џакомо Распадори и на Ндомбеле. Претходно Зиелински не успеа да реализира пенал.

Челси одигра 1-1 против Салзбург на дебито на Грем Потер. Стерлинг донеде водство, но израмни Окафор.

ПСЖ со пресврт го совлада Макаби Хаифа со 1-3. Домаќинот поведе со голот на Тјарон Чери, но Лионел Меси израмни, а Килијан Мбапе се погрижи за пресврт. На крајот стрелаше и Нејмар.