Екипата на Тотенхем одигра фантастичен натпревар на гости против Астон Вила и триумфираше со 0-4. Тоа е голем чекор за тимот на Постекоглу во трката за четвртото место кое во моментот го поседува токму Астон Вила.
По првиот дел немаше голови, но Астон Вила тотално потфрли во второто полувреме. Тотенхем поведе со голот на Џејмс Медисон во 50.минута, а само три минути подоцна Бренан Џонсон зголеми на 0-2.
Клучниот момент на средбата се случи во 65. минута кога Џон Мекгин доби директен црвен картон, а тоа ја фрли Астон Вила во подредена улога. Бројчаната предност на теренот се рефлектира во судиското продолжение. Тогаш Тотенхем со погодоците на Хеунг Мин Сон и Тимо Вернер дојде до убедлива победа над ривалот.