Екипите на Јувентус и Аталанта одиграа нерешено 2-2 во возбудлив натпревар во Торино. „Старата дама“ по ова реми го загуби второто место на табелата од Милан, кој претходно го победи Емполи. Аталанта е на шестата позиција, со четири бода негатива во однос на четвртопласираната Болоња.
Тун Копмајнерс во 35.минута донесе водство за Аталанта.
Второто полувреме започна малку во побавно темпо, но малку подоцна се случи вистинската „експлозија“. Публиката беше сведок на три гола за само девет минути, а најпрво радоста беше на страната на домашните навивачи, затоа што „старата дама“ успеа да режира пресврт со два брзи гола кои беа дело на Андреа Камбиасо и Аркадиуш Милик.
Двајцата постигнаа голови во 66. и 70. минута, а клучен фактор за пресвртот беше Вестон Мекени, кој подели две луцидни асистенции за своите соиграчи. Радоста на Јувентус не траеше предолго, затоа што Аталанта одигра една пеколна контра, по која Копмајнерс вторпат ја затресе мрежата на полјакот Шчесни, поставувајќи ги конечните 2-2 на овој натпревар.