Реал Мадрид убедливо триумфира над Селта со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Сега „кралевите“ повторно имаат седум бода предност во однос на Џирона на врвот на табелата.
Винисиус Жуниор донесе водство за домаќинот со голот во 21.минута. Во финишот од дуелот беа постигнати уште три гола за лидерот во Примера.
Гуаита си постигна автогол за 2-0 во 79.минута, а потоа и Домингез ја затресе сопствената мрежа при ударот на Ридигер во 88.минута. Во судиското продолжение конечните 4-0 ги постави Арда Ѓулер во 94. минута од мечот. Тоа за него беше прв гол во дресот на Реал Мадрид.
Реал Мадрид се истакнува како прв фаворит за титулата во елитниот шпански фудбал. Во следното коло „кралевите“ ќе гостуваат кај екипата на Осасуна.