Требаше ли тимот на Ливерпул да добие пенал во самиот финиш? Пред самиот крај на големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се случи еден  спорен момент.

 Жереми Доку го удри Алексис Мекалистер со копачката во пределот на стомакот. За судијата Мајкл Оливер ова не беше доволно за пенал, но на социјалните мрежи врие. Размислувањата се различни, некои сметаат дека Ливерпул е оштетен, други дека ситуацијата е чиста.