Олимпик Марсеј одигра 1-0 на гостувањето кај Ремс и освои три бода со кои дојде на чекор до потврда на втората позиција во француската Лига 1.
Марсеј доминираше на мечот, иако и домаќините имаа шанси со кои се заканија кон голот на гостите, но сепак единствениот фудбалер кој се запиша во листата на стрелци беше Герсон со гол во 83. мин. за да го реши натпреварот.
Марсеј има 65 бода на втората позиција во Лига 1, односно шест повеќе од Рен и Монако кои ќе се борат за третото место и пласман во Лигата на шампиони (ЛШ)