Сето ова не би било многу чудно, ако талентот на Славен Белупо вчера против сплитски Хајдук во ХНЛ-лигата не беше капитен. И тоа со 16 години, 11 месеци и 20 дена и со тоа влезе во светската историја како најмлад капитен на еден меч.
Досегашниот светски рекорд го држеше Норвежанецот Кристофер Ајер за четири дена повеќе од новиот рекордер Звонарек. Ајер во 2015 година за Старт беше капитен со 16 години, 11 месеци и 24 дена.
Интересно, фудбалерот на Славен Белупо од Копривница е најмлад во тимот, но тренерот Зоран Зекиќ се решил да му ја даде капитенската лента, иако во тимот има далеку постари и поискусни фудбалери, некои се ветерани, ама очигледно Славен има таков лидер во тинејџерот, па не е чудно штом еден гигант како Баерн Минхен решил да го ангажира.