Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси игра во неверојатна форма од стартот на сезоната, па вчера на Макаби Хаифа ѝ даде два гола и додаде асистенција, за да стане првиот фудбалер во европскиот фудбал кој успеал да дојде до дабл-дабл ефект – двоцифрен број на голови и асистенции.

Меси, кој лани не беше ни пет отсто од тоа што го знае светската јавност, сезонава е како препороден и потсетува на своите најдобри денови, најмногу во моментов на радост и на Аргентинците во пресрет на Мундијалот во Катар.

Меси досега сезонава има 11 гола и 11 асистенции, од кои шест гола и девет асистенции во Лига 1, моментно четири гола и две асистенции во ЛШ и еден гол во Купот на Франција.