Ајакс од Амстердам не успеа да ја оправда фаворитската улога на дуелот со Цволе во холандското првенство, а домашните фудбалери долго ќе жалат за многу работи кои ги пропуштија на овој натпревар.
Броби постигна два гола за екипата од Амстердам и се чинеше дека Ајакс има предност која рутински ќе ја задржи, но гостите до крајот успеаја да израмнат и да освојат голем бод.
Еден момент кој дополнително ги испровоцира домашните фанови е неверојатното промашување на Бергхуис, кој имаше зицер пред голот на Цволе, но реагираше како аматер и дозволи топката целосно да му побегне.
https://twitter.com/i/status/1736437626062639136
Иако судијата подоцна го подигна знаменцето поради офсајд, голем број фанови сметаат дека со ВАР проверка ќе се утврдело дека Бергхуис бил во регуларна позиција и голот за евентуални 3:1 би важел.