Англискиот суперталент во тимот на Реал, Џуд Белингам игра одлична и реализаторски ефикасна прва сезона во дресот на Реал Мадрид, а бројот на постигнати голови ги надмина очекувањата и на тренерот Карло Анчелоти.
Во моментов англиската ѕвезда е број еден реализатор и водечки стрелец во шпанската Ла Лига, а фактот што толку често постигнува голови со многу малку обиди кон противничките голови, го прават претендент и за „Пичичи“ трофејот за најдобар стрелец во првенството.
Интересно е што Белингам со таков евентуален подвиг би го повторил успехот на легендарниот Луис Арагонес од сезоната 1969/70, бидејќи Арагонес е единствениот играч од средниот ред кој бил најдобар стрелец во шпанското првенство.
Арагонес таа сезона постигнал 16 погодоци на 30 натпревари, додека Белингам веќе има 12 гола на 14 одиграни средби во Ла Лига.
Најблиску до Белингам сезонава е Мајорал со 10 голови, Антоан Гризман има еден помалку, но и двајцата имаат натпревар повеќе од ѕвездата на Реал Мадрид.