Спортинг Лисабон по четврти пат во својата историја ја освои титулата во португалскиот Суперкуп откако синоќа славеше во дуелот со Бенфика со 38-34.
Драматичното финале беше решено во 15-тина минути кога Спортинг првпат резултатски се одлепи, благодарение на серијата од 3-0 за 27-24. До крајот на дуелот, Бенфика не успеа да се доближи на помалку од два гола негатива, но и во текот на натпреварот, само четири пати се најде во предност и тоа од еден гол.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески беше еден од најдобрите на натпреварот и втор стрелец во својот тим со шест гола. Поефикасен беше само Оле Рамел со седум.