Заврши историската серија на Кари: По 1.865 дена, Стеф Кари одигра натпревар без постигната тројка.

Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс и најдобар тројкаш во историјата на НБА, Стеф Кари прекина една фантастична серија каква што тешко дека ќе се повтори во иднина.

Екипата на Голден Стејт како гостин го победи Портланд со 118-114, а Кари имаше очајно издание, со само 7 поени и шут од игра 2/12. Она што е најинтересно од овој натпревар што Кари не успеа да погоди ниедна тројка (имаше осум обиди) што му се случува првпат по повеќе од пет години.

Последниот натпревар на кој Кари не успеа да реализира барем една тројка датира од 8 ноември 2018 година од кога поминаа точно 1.865 дена, а серијата изнесуваше 268 натпревари. Интересно е тоа што Кари ја има и втората најдолга низа во историјата на НБА, со 111 натпревари по ред со барем една тројка, но постои опасност таа да биде надмината од Дејмијан Лилард чија низа во моментов е 101 натпревар.