ПСЖ прокоцка победа на гости кај Лил (1-1) во 16. коло од француската Лига 1, но и со освоениот бод ја зголеми предноста на табелата пред Ница и Монако кои беа поразени викендов.

Килијан Мбапе беше стрелец на голот за парижаните од пенал во 66. минута, меѓутоа Џонатан Дејвид во 93. минута погоди за 1-1.

 

Лил на „Пјер Мороа“ отвори добро и имаше две шанси преку Едон Жегрова, но не успеа да ги реализира. На спротивната страна до полувремето за ПСЖ се обидоа Осман Дембеле и Витиња, меѓутоа на одмор се замина без голови на двете страни.

На стартот на второто полувреме, поточно по 64. минути игра Бафоде Диаките беше невнимателен и направи пенал. Одговорноста ја презеде Килиан Мбапе и со удар од единаесет метри донесе водечки гол за 0-1 во 66 минута. До крајот на натпреварот Лил не успеа да стори ништо, меѓутоа успеа да стигне до израмнување. Џонатан Дејвид беше херој на домаќините, бидејќи во 95. минута од натпреварот погоди за 1-1 и избегнување на пораз.

Со ова реми ПСЖ не искористи да се одлепи на табелата и има 37 бода, пет повеќе од Ница, а Лил е четвртопласиран со 28 бода.