Македонија ја чека тешка задача пред полн стадион и со сериозна негатива од првиот меч во битката за првото место во групата, што значи дека црвено-жолтите најмалку ќе мора да им се реваншираат со иста мера на Грузијците, зашто со секоја помала победа ќе мора да се надеваат на чудо од Гибралтар потоа против главниот ривал во последното коло.
„Во првите мечеви покажавме високо ниво и ако продолжиме да се држиме до тоа, можеме да дојдеме до позитивни резултати. Мора да бидеме поефикасни во споредба со минатите мечеви, особено на тој меч со Грузијците на кој имавме низа шанси во првите 60 минути. Сега мора да сме поефикасни, да дадеме голови што побрзо“, вели Бабунски.
Тој посочува дека во првиот меч Македонија била подобра, но падот на физички план во последната третина беше пресуди и сега основа во сѐ е да се држи темпото цели 90 минути, без оглед што низа фудбалери ќе отсуствуваат.
„Против Грузија игравме подобро, но паднавме тие последни 20-30 минути, можеби тоа беше и физички замор не знам, но треба да играме како што почнавме, да го држиме темпото цели 90 минути. Многу важни играчи не се тука сега, но тие што се тука играат и мислам дека ќе покажат дека можеме да го задржиме нивото“, додава Бабунски.