Пред неколку дена Роџер Федерер објави дека собирот во Лондон ќе биде последниот АТП настан во неговата долга и трофејна кариера. По тој повод, шпанскиот фудбалски гигант, Реал Мадрид има интересна понуда за Федерер.
Европскиот шампион е спремен да организира вистински проштален натпревар за тениската легенда на својот „Сантијаго Бернабеу“ следната година, а Федерер на тој меч да ги одмери силите против Рафаел Надал. Дали Федерер ќе биде заинтересиран за оваа понуда и колку таа би била остварлива во пракса е секако нешто за што може да се разговара.
Рекордна посетеност на тениски меч е забележана во 2020 година на егзибицијата во Јужна Африка. Актери беа токму Федерер и Надал, а тој меч го следеа 52.000 луѓе. „Сантијаго Бернабеу“ собира 80.000 луѓе, што би било нов рекорд на еден тениски натпревар.