Трофејната кенијска атлетичарка, 25-годишната Агнес Тироп, беше пронајдена мртва во својата куќа во градот Итен .
Кениската атлетска федерација објави дека Тироп е пронајдена со убодни рани во пределот на стомакот, и дека извршител на убиството е нејзиниот сопруг, но полицијата се уште не ги потврдила овие наводи.
Тироп ја освои титулата светски првак во крос во 2015 година, освои бронза во трките на 10.000 метри на последните две светски првенства во Лондон во 2017 година и Доха во 2019 година, и го освои четвртото место на трката на 5.000 метри на Олимписките игри оваа година во Токио .
Со време од 30:01 минути, таа го држи светскиот рекорд во уличната трка на 10 километри .