Македонија загуби убедливо против Германија со 0-4 во 8. коло од групата Ј во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Во прилог не ни одеше ниту победата на Романија од 1-0 над Ерменија. Доколку сакаме да играме бараж, покрај тоа што мора да ги добиеме последните два натпревари против Ерменија на гости и Исланд дома, ќе мораме да навиваме и против Романија.
Од друга страна најтешка задача до крајот ќе има Ерменија која има исто бодови како и ние, но прво го игра токму против нас мечот во Ереван, а потоа во последната рунда ќе и гостува на Германија.
Што доколку Македонија го освои второто место?
Директно патување во Катар ќе обезбеди само десет победници на групата, додека десет второпласирани ќе доигруваат во дополнителни квалификации. Веста е дека таму ќе им се придружат двајца победници од групите на Лигата на нации од сезоната 2020/21, но и оние кои не се квалификуваа директно за СП и кои не обезбедија дополнителни квалификации како вицешампиони во квалификациите групи за СП.
Вака овие 12 репрезентации нема како и досега да играат во шест парови од два натпревари со од каде победниците ќе одат на Светското првенство. Туку тие ќе се борат поделени во три групи.
Во нив ќе се одигра само еден нокаут натпревар т.е. два доколку го победите првиот . Таквиот филтер ќе обезбеди уште три европски репрезентации кои ќе обезбедат да одат на преглед на најдобрите репрезентации во светот.
Шесте најдобри вицешампиони во квалификациите ќе бидат носители во дополнителните квалификации, што ја гарантира предноста на домашниот терен во полуфиналето на мини-турнирот, а останатите тимови ќе бидат не-носители.
Македонија нема шанси да биде носител и домаќин на еден ваков турнир согласно момнтална ситуација во другите групи.
Овие квалификациските натпревари ќе се одиграат на крајот на март.