Започна новата сезона во НХЛ, со победи за Питсбург и Вегас

Хокеарите во Питсбург синоќа го победија тимот на Тампа Беј на гости со 6: 2, на отворањето на новата сезона во НХЛ лигата .

Гостите дојдоа до победата над двократниот последователен шампион со голови во вториот и третиот период (2: 0, 4: 2).

ВИДЕО

Вториот натпревар вечерта се одигра во Лас Вегас, каде домашната екипа на Вегас Голден Најтс го победи новиот тим на Сиетл Кракен со 4: 3.

Најдобар старт од новите тимови во историјата на НХЛ беше токму тимот од Лас Вегас, кој  во својата прва сезона 2017/18. стигна до финалето на Стенли Купот.