Раководството на северноамериканската Национална хокеарска лига (НХЛ) одлучи да не испраќа играчи на Зимските олимписки игри во Пекинг, поради загриженост дека тие би можеле да бидат заразени со лесно преносливиот вид „омикрон“ на коронавирус, објави американската медиумска куќа ESPN.
НХЛ се согласи во септември да го прекине натпреварувањето за да можат најдобрите светски играчи да играат за своите репрезентации, но со клаузула дека договорот може да биде прекинат доколку пандемијата Ковид-19 предизвика одложување на натпреварите за Олимписките игри во Пекинг.
Во последниве денови, оваа опција стана сè поверојатна, бидејќи НХЛ беше принудена да одложи дури 50 натпревари во Канада и САД, откако голем број играчи, дури и оние вакцинирани, се заразија со видот „омикрон“ на коронавирус. .
Според ESPN, НХЛ официјално ќе ја соопшти својата одлука во следните 24 часа, иако имаат рок до 10 јануари да го откажат договорот без никакви финансиски последици.
Иако играчите на почетокот беа многу возбудени што ќе се вратат на големата меѓународна сцена во репрезентативниот дрес, нивниот ентузијазам почна да опаѓа кога дознаа дека потенцијалниот позитивен резултат од тестот би значел одење во три недели изолација и одложување на враќањето во нивните семејства и клубови. .
Откако играчите на НХЛ учествуваа на пет последователни олимписки турнири, од Нагано во 1998 година до Сочи во 2014 година, ова ќе бидат втори игри на кои нема да учествуваат најдобрите светски хокеари, кои не беа во Пјонгчанг во 2018 година.