Српскиот ватерполист Душан Мандиќ е прогласен за најдобар играч во 2021 година, во изборот на престижниот сајт „Тотал Ватерполо“.
Изборот за најдобар играч и тим на годината се одржа со учество на 50 тренери, капитени и претставници на медиумите и порталите и близу 8.000 гласови на љубителите на ватерполото.
Меѓу 10-те најдобри играчи имаше дури пет ватерполисти од Србија.
Мандиќ доби 143 гласа, четири повеќе од Филип Филиповиќ, кој е на второто место.
Никола Јакшиќ беше трет, Душко Пијетловиќ седми, а Бранислав Митровиќ десетти.
Репрезентативците на Србија се најдоа во идеалниот состав, заедно со Грците Ангелос Влахопулос и Стилијанос Аргиропулос.
Во топ 10 играчи се и Унгарецот Кристијан Манхерц, Црногорецот Александар Ивовиќ и Шпанецот Алваро Гранадос.
Ова е првпат српски играч да биде победник на изборите – во првата 2017 година најмногу гласови доби Сандро Сукно од Хрватска, една година подоцна број еден беше Фелипе Пероне од Шпанија, во 2019 година Унгарецот Денес Варга. додека во 2020 година Тибор Бенедек од Унгарија беше избран за најдобар играч за првите 20 години од овој век.
Американката Меди Мизелман е најдобра ватерполистка за 2021 година.