Возачот на Ферари, Шарл Леклер запиша уште една победа сезонава во Формула 1, откако беше најбрз на трката во Австралија, додека среќа немаше неговиот колега Карлос Саинц кој излета во вториот круг, додека ривалот од Ред Бул, Макс Ферстапен мораше да се откаже на средина од трката.
Леклер возеше уште една одлична трка и се одбрани уште на самиот почеток од нападите на противниците од Ред Бул, па со денешната победа ја зголеми бодовната предност во генералниот пласман пред конкуренцијата.
Зад него завршија Серхио Перез од Ред Бул, па двата болида од Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, по што следат двата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо.