Озогласените навивачи на полскиот клуб Легија од Варшава, познати и по скандалозните кореографии, сега отидоа чекор понатаму. На нивниот удар сега се најде никој друг туку рускиот претседател , Владимир Путин!

Познато е дека навивачите во Полска не ја сакаат Русија поради историските конфликти меѓу двете земји. Војната во Украина трае веќе месец и половина, а Полјаците им изразија јасна поддршка на Украинците, но последната порака од трибините е многу морбидна!

Навивачите на клубот од Варшава развија огромна кореографија со ликот на обесениот руски претседател Владимир Путин. Во кореографијата Путин го носи дресот на Спартак Москва, најпопуларниот клуб во Русија. Спартак беше исфрлен од нокаут фазата во Лига Европа поради војната што Русија ја започна во Украина.

Она што дополнително привлече внимание е тоа што противничките навивачи, приврзаници на тимот на Лех од Познањ, во екстаза го дочекаа овој потег на навивачите на Легија, па во еден момент цел стадион аплаудираше за кореографијата и пееше навредливи песни на сметка на Владимир Путин.

https://www.youtube.com/watch?v=aUOBDOgLJNI