По доминантната победа во Лигата на шампионите над Челзи во Лондон, Реал продолжи да бележи успеси и во Ла Лига.
Во малото градско дерби, во 31. коло, кралскиот клуб славеше рутинска победа против Хетафе со 2:0 (1:0).
Овојпат во главна улога го немаше Карим Бензема, по неговиот хет-трик на Стемфорд Бриџ се истакнаа други, но најважно за Реал е што е се поблиску до новата титула.
Бензема погоди во четвртата минута, но од офсајд, за Лукас Васкез да биде блиску до гол за водство на Реал во 14. минута.
Голема шанса пет минути подоцна имаше и Федерико Валверде, кој не ја искористи за да гостите од предградието конечно капитулираат во 38. минута.
Винисиус Јуниор направи одличен центаршут, а Касемиро постигна гол со глава за водство на Реал од 1:0.
Се беше решено во 68. минута кога Лукас Васкез проигран од Родриго излезе пред голманот на Хетафе и погоди во долниот лев агол за 2:0.
Карло Анчелоти за овој натпревар се одлучи да одмори неколку стандардни првотимци , па во составот на Реал ги немаше Ферланд Менди , Дани Карвахал , Лука Модриќ и Тони Крос .
Ла Лига, 31 коло:
Сабота:
Кадиз – Бетис 1: 2 (0: 0)
Алехо 58 – Тело 78, Иглесијас 85п
Мајорка – Атлетико Мадрид 1:0 (0:0)
Муричи 68 пен
Виљареал – Атлетик Билбао 1:1 (0:1)
Педраса 60 – Гарсија 43
Реал Мадрид – Хетафе 2:0 (1:0)
Каземиро 38, Лукас 68
недела:
14.00 Осасуна – Алавес
16.15 Еспањол – Селта
18.30 Елче – Сосиедад
21.00 Леванте – Барселона
Понеделник:
21.00 Рајо Ваљекано – Валенсија
петок:
Севиља – Гранада 4: 2 (1: 1)
Карлос 32, Окампос 66, Мир 90 + 3, Гомес 90 + 9 – Мачис 23, Диас 88