Јувентус сe зацврсти на четвртата позиција во Серија А откако го совлада Калјари на гости со 1-2. Душан Влаховиќ беше стрелец на победничкиот гол за „старата дама“ во 75.минута од дуелот, на асистенција на Пауло Дибала.
Жоао Педро донесе водство за Калјари во десеттата минута, но израмни Матијс де Лихт пред крајот на првото полувреме. Во вториот дел сепак Јуве успеа да стигне до трите бода.