На својот седми натпревар сезонава, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна првиот гол во италијанската Серија А.

Наполи победи на денешното гостување кај Салернитана со 2-0, а нашиот фудбалер постигна гол во 82. минута и го постави конечниот резултат. Пред него, противничката мрежа ја затресе Распадори на почетокот од натпреварот.

https://twitter.com/i/status/1720828530374693238

Наполи ја продолжи серијата без пораз на гостински терен и во досегашниот дел од сезоната на гости има четири победи и два нерешени резултати.