Натпреварот од азиската Лига на шампиони меѓу малезискиот Џохор и кинескиот Гуангжу донесе комичен автогол на голманот на Гуангжу, Липан Хе. Младиот кинески голман со својот гол потсети на легендарниот автогол на босанскиот голман Томислав Пиплица.
21-годишниот голман го прими еден од најбизарните голови во годината. По еден шут кон неговиот гол, Хе успеа да го одбрани ударот, но ја одби топката во воздух. Потоа се сплетка и топката заврши во мрежата за 2:0 на Џохор.