Барселона е елиминирана во четвртфиналето на Лига Европа со поразот на домашен терен од Ајнтрахт со 2:3 во реваншот, откако првиот натпревар заврши 1:1. Тоа беше нејзин „домашен“ меч но само формално. Имено, на трибините на Камп Ноу од околу 80.000 навивачи имало многу повеќе гости од пропишаните 5.000. Тренерот на Барселона, Чави, по натпреварот повеќе беше лут поради тоа отколку на поразот.
“Очекував 70 или 80 илјади навивачи на Барселона овде, но тоа не се случи. Ова не личеше на домашен натпревар на Барселона, туку на натпревар на неутрален терен, каде што двата ривали добиваат половина од капацитетот на стадионот. Очигледно нашиот клуб направи грешка“. Чави не можеше да престане да зборува за овој голем срам на Барселона:
“Многу сме разочарани поради тоа. Пред натпреварот во разговорите со играчите истакнав дека помошта од навивачите беше клучна на овој натпревар, а потоа излеговме на теренот и не можевме да поверуваме дека гостите имаат армија од 30.000 фанови.”