Според информациите на „Оказ онлајн“ од Саудиска Арабија договорен е трансферот на Алиоски, кој во Трабзон доаѓа на едногодишен заем од Ал Ахли, клуб кој сезонава испадна од елитната лига. Оваа информација за веќе сигурното доаѓање на Алиоски во Трабзон ја објави и „Си-Ен-Ен Турк“.
Алиоски во моментов е на одмор после завршувањето на сезоната која продолжи во С. Арабија и по репрезентативните настапи во минатиот месец, па сега до официјализација на трансферот остануваат лекарските прегледи и потписот.
Наводно, според непотврдени информации на турски медиуми, Алиоски во Трабзон ќе заработи до три милиони евра. Алиоски и Трабзон се договориле за плата од два милиони евра, половина милион ќе му исплаќа и Ал Ахли, каде имаше 2,5 милиони по сезона, а останатите пола милион му се загарантирани низ разно разни бонуси.
Алиоски и лани беше на мета на Трабзон, но ја избра далеку подобрата финансиска понуда од С. Арабија, но по една година се враќа во Европа. Пред да замине во Ал Ахли, четири години играше за Лидс, чии навивачи сакаа и сега да се врати на „Иланд роуд“.