Милан ја победи Фиорентина со 2-1 со автогол на гостите во судиското продолжение од мечот. Гостинскиот голман Пјетро Терачано слабо реагираше на еден центаршут, а топката удри во Никола Миленковиќ и заврши во мрежата во втората минута од судиското продолжение.
Рафаел Леао во втората минута донесе предност за „росонерите“, а израмни Антонин Барак во 28.минута.
Милан се искачи на второто место со 33 бода, осум помалку од Наполи, а по ова коло следи долга пауза во Серија А.