Бока Јуниорс се пласира во полуфинале на Лига Купот на Аргентина, откако на гостински терен ја совлада Ривер Плата со 3-2 (1-1). За пласман во финалето на натпреварувањето ќе оди на пресметка против Естудијантес.
Натпреварот започна добро за Ривер. Домашните поведоа со голот на Борха, но Бока продолжи да игра многу подобро направи пресврт и оствари голема победа во дербито па обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лига купот.
Прво Мерентиел ја намали разликата во судиското надополнување во првото полувреме, а со двата брзи гола на Кавани и споменатиот Мерентиел во средишницата на вториот дел, тимот од популарната „Бомбоњера“ дојде до недостижна предност. Ривер, за волја на вистината, се обидуваше до крајот на секој начин да се врати во мечот. Носени од бучните фанови од трибините, домашните се закануваа до последен момент. Таа во судиското надополнување намали со голот на Диаз, но немаше повеќе време за пресврт.
На крајот, Бока успеа да слави во „Супер-класико“ и да закаже дуел со Естудијантес, кој претходно со 3-0 го совлада Каракас.