Фудбалерите на Фиорентина се изборија за гостинска победа кај последнопласираната Салернитана и со 0-2 (0-0) стигна до важни три бода во трката за пласман во еврокуповите.

„Виолетовите“ имаа повеќе од играта и можеа да го отворат резултатот уште во првите 45 минути, но двата голови на дуелот ги постигнаa во завршницата. Најпрво Фиорентина поведе во 80. минута преку Кристијан Куаме, а потоа Џонатан Иконе беше прецизен и ги постави конечните 0-2 дванаесет минути подоцна.