Астон Вила не успеа да го сопре Манчестер Сити во обидот да стигне до титулата во последното коло минатата сезона, но затоа вечерва освои драгоцен бод во Бирмингем и ги казни нереализираните шанси на „граѓаните“.
Норвежанецот требаше само да постави нога по импресивното и хируршки прецизно додавање од Де Брујне, но во продолжение, токму Белгиецот пропушти голема шанса за 0:2, што ќе значеше победа.
Наместо тоа, Бејли постигна одличен гол за 1:1 на 15 минути пред крајот и го казни шампионот за промашувањата, а до крајот успешно се одбрани.
Емилијано Мартинез одлично бранеше во два наврати во завршните минути и така Астон Вила се избори за голем бод после комплицираниот старт на сезоната.
За Сити ова е втор натпревар на кој не победи сезонава, па со биланс од четири победи и две реми средби има 14 бода, еден помалку од Арсенал кој утре игра против Манчестер Јунајтед.