Францускиот шампион Лил соопшти дека Хатем Бен Арфа е нов член на клубот. Тој беше без клуб откако летово му истече договорот со Бордо, а доаѓа во Лил за да му помогне на тимот да стигне барем до пласман во Лига Европа.Лил е на 10. позиција на табелата и напорно се бори да дојде барем до место кое води во Лига Европа.Бен Арфа е звучно засилување, иако во последните години главно менува клуб кога му истекува договорот со претходниот тим.Откако неславно си замина од ПСЖ,  играше за Рен, Валјадолид и за Бордо, а претходно за Ница, Њукасл, Хал Сити, за Марсеј, откако израсна во Лион.