Франк Рибери ја напушта Италија. Последните шест месеци во Салернитана каде пристигна од Фиренца не беа баш добри за него, францускиот ветеран се повреди, а клубот нема пари да му го плати договорот од милион и пол евра по сезона.
Тој е најплатен фудбалер, а Салернитана би сакала да се ослободи од договорот, да заштеди пари и се појави атрактивна опција.Легендарниот Французин по 16 години би можел повторно да заигра во Турција и тоа за Карагумрук. Повозрасните паметат дека пред Марсеј во 2005 година помина половина сезона во редовите на Галатасарај. Бидејќи не земал плата, со помош на ФИФА го раскинал договорот и по само половина година се вратил во Франција.