Според информациите, во Сан Себастијан исклучително им се допаѓа Барди и во него гледаат големо засилување за тимот, а на рака им оди фактот што Леванте моментно е последен и прв фаворит за испаѓање, па по завршување на договорот баскискиот тим многу лесно може да го „украде“ македонскиот репрезентативец.
Во Сосиедад посебно се импресионирани од Барди од неговите слободни удари и центаршутеви, со што тимот со него би добил уште еден посилен адут на мечевите, а секако ако се реализира ваков трансфер, тоа за Барди би бил сериозен чекор напред во кариерата. Плус, на фудбалерот за врска нема да му треба период за адаптација, зашто веќе четири ипол години е дел од шпанската Ла Лига.
Медиумот потенцира дека Барди е прва опција за засилување и поради многу поизвесното заминување на Аднан Јанузај од тимот, иако на маса овој фудбалер има нова понуда за договор, но како течат преговорите засега е многу поблизу до заминување. Во Сосиедад во моментов преговараат за нова соработка и со Давид Силва, а раководството на клубот е помирено дека еден од овие двајца ќе си замине, а многу поблизу е Белгиецот со албанско потекло.