РБ Лајпциг доби пенал во завршницата, но Луис Опенда не го реализира, па тимот на нашиот Елиф Елмас остана без посакуваната победа против Унион Берлин.
Елмас повторно остана на клупата и не доби шанса ниту во вториот дел, иако тренерот Марко Розе направи пет замени и му требаше освежување во офанзивниот дел.
Промашениот пенал на Опенда во 74. минута се покажа како клучен момент, па домаќините до крајот не успеаја да стигнат до толку посакуваниот гол за победа.
https://twitter.com/i/status/1834977458409333084
Шампионот Баер Леверкузен немаше проблем со ефикасноста и славеше со 4:1 на гостувањето кај Хофенхајм, додека важни гостински победи обезбедија Штутгарт и Ајнтрахт.
Фрајбург беше единствениот домаќин кој оствари победа и тоа против Бохум со 2:1.