Работите веројатно ќе беа поинакви доколку Саутемптон реализираше гол од пенал во 33. минута, но ударот на Арчер го одбрани Онана.
Казната стигна многу брзо, само две минути подоцна по одличниот центаршут на Бруно Фернандеш, стоперот Де Лихт со глава даде гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0. Деби гол за Холанѓанецот.
Во 41. минута Рашфорд постигна гол од далечина и го прекина долгиот пост зголемувајќи го водството на Јунајтед на 2-0.
Работите за Саутемптон станаа уште покомплицирани во 79. минута кога Стефенс заработи директен црвен картон и домашниот тим остана со фудбалер помалку.
Пред последниот судиски свиреж фудбалерите на Манчестер јунајтед изведоа уште една фантастична акција, Касемиро одлично го проигра Дало кој асистираше до Гарначо, а тој реализира за конечни 3-0.