Гостите од Билбао имаа голема прилика да дојдат до преднсот, но не искористија пенал во 28. минута. Казната стигна само десетина минути подоцна кога Асприља погоди за 1-0. Билбао сепак не замина со негатива на паузата и брзо израмни на 1-1.
Се играше 58. минута кога гостинскиот тим доби уште еден пенал, а сега не реализира Херера.
Промаши Билбао и уште неколку одлични прилики, голманот Газанига блескаше на голот. Казната за сите промашувања стигна во деветтата минута од судиското продолжение и тоа од пенал. Кристијан Стуани ја презеде одговорноста и донесе три бода за својот тим.
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.